Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

ФОНДАЦИЈА ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО – МАКЕДОНИЈА ЈА ПОДДРЖУВА ИНИЦИЈАТИВАТА #СегаКажувам #TaniTregoj

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) ја поддржува иницијативата #СегаКажувам #TaniTregoj и ја поздравува идејата да се скрши молкот и да не се прифати како нормално сексуалното вознемирување и сексуалното насилство.

Ние веруваме во поддршка на граѓаните во нивниот притисок за промени кон подобро. Веруваме во поддршка на храбри и иновативни решенија за контроверзни проблематики, решенијата кои се однесуваат на реалните проблеми на заедниците и промовираат систематски развој.

Во таа насока, ФООМ комплетно ја поддржува оваа иницијатива и нејзините сегашни и идни заложби за промени во културната матрица, со цел да се изгради општество во кое нема да се оправдува, крие или да се прифати како нормално каков било тип насилство, вклучувајќи го и сексуалното насилство. Потребно е системско решение на проблемите, со инсистирање за видливи промени во позициите на моќ преку сите сегменти кои се од витално значење за општеството - образование, здравство, култура, медиуми итн., со цел да се формира нова културолошка матрица уште во најраната возраст.

Иако жртвите на кој било тип насилство или вознемирување ретко и тешко се решаваат да проговорат за истото, сепак јавно искажаниот збор е првиот чекор на долгиот пат со многу препреки. Токму затоа, оваа иницијатива е од огромно значење. Сведоци сме на тоа дека веќе споделените приказни, кои се навистина потресни, даваат сериозно алармантна слика за реалната состојба во нашето општество. Оттаму, повеќе од очигледна е потребата од постоење на вакви иницијативи, кои ќе помогнат во менувањето на наративите за сексуалното насилство и вознемирување.

Независните организаторки на иницијативата #СегаКажувам #TaniTregoj ве повикуваат доколку имате своја или приказна од вашето поблиско опкружување за сексуална злоупотреба или принуда од позиција на моќ и сакате да ја споделите со јавноста, да го направите тоа со овие хаштагови.

ФООМ не е организатор на оваа иницијатива, туку ја поддржува иницијативата поттикната од неколку независни активистки.

поврзани новости

нема поврзани новости