Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Граѓанско учество за локална демократија
пронајди

ОДРЖАНА ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА





На 22 јуни 2017 година (четврток), со почеток во 12 часот, во хотелот Холидеј ин во Скопје, се одржа конференцијата „Културни акции за унапредување на општините - Регрантисти во рамките на проектот ГРАЃАНСКО УЧЕСТВО ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА од ИПА 2 Програма за граѓанско општество и медиуми 2014-2015“, по повод завршувањето на проектот Граѓанско учество за локална демократија кој го спроведуваа Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД).

На настанот се обратија Никола Бертолини, Раководител за соработка од Делегацијата на Европска Унија, Роберт Алаѓозовски, Министер за култура, Фани Каранфилова-Пановска, извршна директорка на ФООМ и Георги Христов, претседател на ЦРЛД.

Воедно, преставници од партнерските општини Струмица, Струга и Скопје ги презентираа заклучоците за усвоените локални стратегии и акциски планови за култура и потенцираа дека веќе имаат испланирано буџет за поддршка на истите. Потоа претставници од регрантираните организации споделија впечатоци и податоци од разлизираните проекти кои се дел од акциските планови.

Проектот Граѓанско учество за локална демократија е поддржан од Европската унија а се спроведуваше од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со Центарот за развој на локалната демократија во општините Струга, Струмица и Центар, во периодот јануари 2016 - јуни 2017 година.

Целта на проектот е да помогне во зајакнување на влијанието на граѓанското општество во развојот на јавните културни политики и донесувањето одлуки на локално ниво, како и создавање средина која ги охрабрува активностите на граѓанските организации за имплементација на локалните културни политики.

Во рамките на проектот, меѓудругото, беа подготвени и усвоени Стратегиите за култура во сите три општини и беа регрантирани 9 граѓански организации за јакнење на нивниот капацитет и поддршка на мали иновативни проекти од областа на културата во насока на спроведување на локалните стратегии.

Регрантирани беа следните проекти:
1. „Музеј Виа Кандавиа – Ливада”, дестинација за културен туризам во Струга”, Здружение за етнокултура „ВИА Кандавиа” – Стругa;
2. „Струга Креативен град”, Здружение Иницијатива за независен културен активизам ИНКА – Струга;
3. „Етникумите заеднички се почитување на културните вредности”, Здружение за развој на меѓуетнички дијалог „Етнитети” – Струга;
4. „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме!”,Организација на жени од Струмица;
5. „Интерактивна платформа на манифестации, настани, културни работници и организации/здруженија во доменот на културата”, Здружение Туристички сојуз – Струмица;
6. „Креативна акција за културна мобилизација”, Здружение за едукација и развој на лица со пречки во развојот Еднаквост за проектот – Струмица;
7. „24.doc”, Здружение на поддршка на деца и млади со различности СИНАТА ПТИЦА – Скопје;
8. „Прво па женско – фестивал за феминистичка култура”,  ЗГ за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје;
9. „Децата во центар (на вниманието)”, ЗГ Буден театар - Скопје.

поврзани новости

нема поврзани новости